И по 55 години постоење ке се залагаме за …..

Во рамките на прославата по повод 55 години постоење на извиднички одред “Димитар Влахов“ односно 55 години извидничко движење во Велес, која се одржа на 19 април оваа година,  довчерашниот старешина на одредот  г-дин Ангелче Гушев во излагањето за работата на одредот во последните пет години на периодот 2003 – 2008 меѓу другото се осврна и на понатамошните програмски определби на одредот, а истите се однесуваат на….

1. Образование и воспитување на младите луѓе, при  тоа тие да се САМОСТОЈНИ –  способни за да донесуваат одлуки и да управуваат со својот личен и општествен живот, ПОДГОТВЕНИ – да даваат поддршка – да имаат интерес за грижа за другите, да работат со нив и да ги споделуваат нивните грижи и проблеми, ОДГОВОРНИ – способни да превземаат одговорност  за своите дела, да ги исполнуваат обврските и да го реализираат она што го превземале и ПОСВЕТЕНИ – способни да ги докажат своите вредности, убедувања и идеали, а воедно да постапуваат во склад со нив.         

 2. Изработка на добра програма за млади и нејзино распространување, а која ке ги има  следните особини: РЕЛЕВАНТНОСТ – односно да одговара на потребите и барањата на младите луѓе и РЕАЛНА ОСТВАРЛИВОСТ – односно да може да се остварува во Велес и сите делови на Република Македонија (село – град). Со ова сакаме да го промовираме неформалното образование на младите луѓе преку прогресивно-стимулативни програми застапени во извидничката организација. Преку нив младите ќе станат активни граѓани, а воедно да имаат и позитивен придонес во заедницата. Активно да учествуваат во младинските иницијативи на различни нивоа и така младите самостојно ке одлучуваат и ке ја имаат централната улога во нивниот животен развој.             

3.Означување и поставување на почетни точки за формирање на самосвест и доверба, борба против  изолираноста  на младите, развој  на  идентитет во општеството и обезбедување на признато место во него . Обезбедување на  меѓусебна  младинска соработка  и формирање на  на тимски активности.

 

Ова го фаворизираме и мора да се случи во Велес и Македонија, поради што МЛАДИТЕ ВО ЗЕМЈИТЕ НА ТРАНЗИЦИЈА ке мора да се изборат за своето место во општеството.

 

проф. Ангелче Гушев                                                                                                 Велес, 19.4.2008 год.   

 

 

 


 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.