По повод 22 февруари Светскиот ден на извидништвото, на локалното радио 5 ФМ во Велес на 107,1 настап имаше Ангелче Гушев кои што во рамките на дваесет минутниот разговор ги претстави следните активности:
– за хронологијата на светското извидништвото од самиот почеток во 1907,
– за основачот на извидничкото движење сер Робер Баден Пауел и неговата сопруга Олив Баден Пауел
– учество на последниот извиднички собир Лондон 2007
– за 55 години – извидничко движење во Велес и прославата која што ќе следи во месец април
– за новиот прирачник “Логорување“
– за 23 Средби на извидници Велес 2008 кој што ќе следат во месец мај
– за 10 Смотра на СИМ и нашето одредско учество на истата која што ќе следи во месец јули
– за наредните тековни активности во 2008 година организирани од страна на СИМ и одредите ширум Македонија и надвор од неа
– одредска програма за прослава по повод 22 февруари
– програма на СИМ за прослава по повод 22 февруари
– проектни активности кои следуваат за реализација од страна на нашиот одред