![](https://scoutveles.org.mk/wp-content/uploads/2009/04/images_nasa5_zname_jadran.jpg)
На овој меморијал учество земаа следните одреди: ИО “Илинден“, ПСИО, ИПО “Галеб“, ИО “Наум Наумовски – Борче“ од Крива паланка, ИО “Еригон“ од Прилеп, ИО “Скаут“ од Куманово, ИПО “Крсте Јон“ од Струга и ИО “Димитар Влахов“ од Велес.
Натпреварите на овој Меморијал се организираа во областа на топографија и ориентација на непознат терен и голем број на полигонски игри. Првото место место го освои патролата на ИО “ Скаут “ од Куманово, второто место патролата на ИПО “Галеб“ од Скопје и ИО “Еригон“ од Прилеп.
Патролата на ИО Димитар Влахов од Велес го освои шестото место.