25 години братско живеење

Пред дваесет и пет години, на 7 март во 1998 година на свечената Академија одржана во
Големата сала на Општина Велес, а по повод 45 годишнината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес се изврши збратимувањето на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Република Србија.

Во времето кога на овие простори дејствуваа деструктивни состојби и недоразбирања,
нашите две извиднички единици се договорија да соработуваат и да работат на
унапредувањето на извиднчкиот дух, љубовта кон природата и младинските активности.
Како одреди и понатаму ги надминуваме временските, територијалните и јазични бариери
и понатаму без резервно ги продлабочуваме извидничките активности, се со цел да го
издигнеме на највисоко ниво извидничкото братство помеѓу нашите два града Велес и Ниш,
нашите две држави Србија и Македонија.

Со нашите активности во овие 22 години заеднички средби на извидници, школи за обука, смотри и останати заеднички одредски активности на братско живеење докажавме дека можеме да ги воспитуваме младите на полето на образованието и воспитанието на младите во духот на основните принципи и методи на извидничкото движење.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.