Старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, на својата редовна седница одржана на 10.2.2008 година меѓу другото ја усвои и програмата за прослава на 22 февруари – Светскиот ден на скаутизмот предложена од страна на Советот на водачи.
Програмата се состои од:
– ПРЕС конференција со новинарите од Велес, за планираните активности кои што следат во тековната 2008 година (20.2.2008)
– Медиумско претставување на локално радио и телевизија (21.2.2008)
– Хуманитарна акција за донирање на материјални средства на социјално загрозени семејства од Велес (22.2.2008)
– Еднодневен излет до Крушево со посета на Мечкин камен, Македониум и гробот на Тоше Проески (23.2.2008)
Ги покануваме сите извидници од Република Македонија да се приклучат кон нашите одредски активности.