Учество во Јавната расправа за Буџетот на Велес за 2011

Општина Велес и Фондација ФОКУС на 5-ти ноември 2010 год .организираше јавни расправи за Буџетот и програмите за активностите на општината за 2011 година. Јавната расправа за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, здруженија на граѓани и фондации, културно-уметнички друштва и граѓани е одржа во големата сала на Општина Велес. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ беше поканет да учествува на расправата за финансирање на програмски активности во 2011.  На оваа Јавна расправ учествуваше Ангелче Гушев како преставник на одредот.

На јавната расправа се разговараше по следните нацрт-програми:

– Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и развојот на информатичката технологија (ИТ) во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2011 година.
– Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2011 година

 

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.