Во организација на извидничкиот одред “Скаут“ од Куманово, во периодот од 16 до 18 април 2010 год. во селото Пелинце се организираа традиционалните извиднички средби. На овие средби на извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес учествуваше со 3 патроли или 15 извидници. Извидниците се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата на непознат терен. На овие средби покрај нашите извидници учество земаа и извидници од Скопје и Крива Паланка, а имаше и извидници од Ниш и Белград – Република Србија.