
Извидниците се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, престој во природа, исхрана во природа, прва помош и сигнализација (семафор и морзе). Во рамките на ориентацијата и топографијата сите извидници на овогодинешниот РИОН ги изработуваа и мегу нас извидниците познатите графички цртежи, како што се кроки, скица на терен, извештај, скица на помит дел од патеката, движење под азимут.Во машка конкуренција прво место освои патролата на извидничкиот одред “Скаут“ од Куманово, a патролата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав Благој Ѓорчевски, Тоше Василевски, Виктор Таневски и Никола Аксентијев го освои четвртото место. Во женска конкуренција најдобри беа извидничките од извидничкиот одред “Брицо” од Скопје. Со ова место по којзнае кој пат докажавме дека извидничкото движење во Велес се уште е на високо ниво, и сеуште младите од Велес се обучуваат за престој во природа и живот во неа, како една од големите придобивки од неформалното образование кое што е главна и носечка идеја во функциоонирањето на Велешкиот градски извиднички одред.
Никола Аксентиев