Учество на РИОН – Крива Паланка 2010

Најголемото извидничко натпреварување во Сојузот на извидници на  Македонија е Републичкиот Извиднички Ориентационен Натпревар – РИОН и  истиот е наменет за категоријата извидници на воздраст од 15 до 21 година.  Оваа година РИОН се одржа на терените на селото Станци-Крива Паланка и тоа  во периодот од 8-11.10.2010 година. На ова најголемо натпреварување учествуваа  сите регистрирани одреди во Сојуз на извидници на Македонија.

Извидниците се натпреваруваа во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен, престој во природа, исхрана во природа, прва помош и сигнализација (семафор и морзе). Во рамките на ориентацијата и топографијата сите извидници на овогодинешниот РИОН ги изработуваа и мегу нас извидниците познатите графички цртежи, како што се кроки, скица на терен, извештај, скица на помит дел од патеката, движење под азимут.Во машка конкуренција прво место освои патролата на извидничкиот одред “Скаут“ од Куманово, a патролата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес во состав Благој Ѓорчевски, Тоше Василевски, Виктор Таневски и Никола Аксентијев го освои четвртото место. Во женска конкуренција најдобри беа извидничките од извидничкиот одред “Брицо” од Скопје.  Со ова место по којзнае кој пат докажавме дека извидничкото движење во Велес се уште е на високо ниво, и сеуште младите од Велес се обучуваат за престој во природа и живот во неа, како една од големите придобивки од неформалното образование кое што е главна и носечка идеја во функциоонирањето на Велешкиот градски извиднички одред.
 
 
Никола Аксентиев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.