
Како и во секој камп на пријателство беа набавени материјали за правење на инвентар, такашто сите извидници земаа учество и доброволно прифатија заедно да помогнат во правењето клупи и куќички за птици. Во слободното време се забавувавме и игравме многу извиднички игри во кои можеше да се почувствува уживањето на децата кои за прв пат беа запознаени со нив. Исто така се одржи еден мал поход кој беше наменет за чистење на околината околу хидроелектраната во Вучје, како што би ја покажале нашата љубов кон природата. На овој камп како што известивме предходно од нашиот извиднички одред “Димитар Влахов“ учествуваа Елиф Шакирова, Лилјана Јошевска и Бојан Миклош. До следно видување ве поздравувам со извиднички поздрав ЗДРАВО!!!


