Јавна расправа за Буџетот на Велес за 2009

Општина Велес и Фондација „Фокус“, на 3.11.2008 год. (понеделник) организираа Јавна расправа по Нацрт-документите на Општина Велес за 2009 година за претставниците на здруженија на граѓани и фондации (спортски клубови, невладини организации, културно уметнички друштва итн.). На Јавната расправа директно беше вклучен и Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски. Од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ на оваа расправа учество зема Ангелче Гушев.

  

На Јавната расправа беа разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2009 година:
– Нацрт-програма за уредување на градежно земјиште и заштита на животната средина на просторот на Општина Велес во 2009 година.
– Нацрт -програма за активностите на Општина Велес во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) за 2009 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на културата за 2009 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2009 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на здравството и социјалната заштита во 2009 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес за поддршка на НВО секторот во 2009 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето и противпожарната заштита во 2009 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на спорт и млади во 2009 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на промоција и комуникација со јавноста во 2009 година.
– Нацрт- програма за активностите на Општина Велес во областа на меѓународната соработка во 2009 година.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.