Во организација на извидничкиот одред “Јаношик“ од Ковачица и Младинскиот сојуз на Ковачица, Република Србија во периодот од 29 јули до 3 август 2009 година, се организираше Меѓународната ликовна колинија на извидници сликари – Етно култ проект.На оваа колонија учествуваа извидници од Србија, Хрватска и Македонија. Како единствени претставници од Македонија беа Богдан Маневски, Влатко Влахчев и Димитар Јорданов член на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес. Во рамките на програмскиот дел беа организирани голем број на ликовни работилници и посети на голем број на еко – етно културни настани.Оваа извидничка акција е единствена од оваков вид.