Од учеството на инструкторска школа – Кањижа 2008

Во извидничкиот центар Кањижа, Република Србија, во периодот од 22 до 30 август оваа година се одржа основниот семинар за инструктори од прв степен, а додека пак во периодот од 24 до 31 август паралелно се одржа напредниот семинар  за инструктори од прв степен. Организатор беше Сојузот на извидници на Војводина.

Двајцата извидници од извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес, Ангел Радевски и Виктор Таневски беа единствени преставници од Македонија. 

Основниот семинар за инструктори од прв степен е дел од системот на образование на кадри на СИВ и кој што треба на младите луѓе да им се  даде шанса и да им е овозможено да бидат во позитивно опкружување, да се здобијат со знаења, вештини и ставови за понатамошно равивање на извидничката организација. Извидниците учесници  имаат можност да креираат и да ги планираат нивните понатамошни проектни активности во извидничката организација.
Методот на работа на целата инструкторска школа е стекнување на знаења, вештини и изразување на лични ставови и мислења, а сето тоа низ активни методи на учење. Обуката се реализираше во форма на логорување, а учесниците беа поделени во патроли. Патролните состаноци во вечерните часови, служеа за двевна евалуација , за подобро запшознавање на учесниците и межусебна размена на искуства. Преку патролните состаноци се вршеше подготовка на работата на патролата за наредниот ден.
Сите учесници учествуваа на дводневна пловидба по Тиса, која што претставуваше личен предизвик на секој учесник и можност за јакнење на тимската работа и солидарноста која што врши и јакнење на комуникациите во групата.
Теми кои што е работеа на оваа инструкторска школа беа следните:
– Образовниот систем на скаутизмот
– Извидничката програма и нејзина реализација
– Имиџот на извидничката организација
– Медиуми и претставување
– Светското скаутско семејство
– Тимска работа
– Водачите во извидништвото и поддршката од возрасните     
– Образование на кадри во извидништвото
– Планирање
– Извидникот во локалната средина
– Социологија на младите, групи и проблеми
– Психологија на млади
– Како да се напише извиднички проект
– Прибирање на средства
– Планирање на проект
 
 
 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.