Една патрола од петмина извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, во периодот од 4 до 6 април оваа година зема учество на извидничката акција “12 Денови на другарството“ која што се одржа во Белград, во организација на извидничкиот одред “Бреза“.
Местото на одржување на акцијата беше во општина Чукарица, со сместување во основното училиште “Аца Милосављевиќ“ во село Тешањ. На оваа акција учество земаа 35 извиднички одреди од Република Србија. Натпреварувачкиот дел на акцијата се однесуваше на топографија и ориентација во непознат терен со изработка на сите нас добро познатите извиднички материјали. Оваа акција беше ортворена од страна на старешината на СИС, г-дин Момчило Петковиќ и старешината на ИО “Бреза“ Предраг Ѓорѓевиќ.
Петте извидници од извиднички одред “Димитар Влахов“ беа единствените претставници од Сојуз на извидници на Македонија.