Реализирана Школата за водачи „Зелениот Еди 11“

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ реализирајќи ја својата програма за работа, во периодот од 8-13 јануари оваа година, во извидничкиот центар Голозинци ја организираше единаесетата меѓународна Школа за водачи “Зелениот Еди“. На оваа школа учествуваа извидници од извидничкиот одред “Еригон“ од Прилеп,  “Методи Митевски – Брицо“ од Скопје, “Наум Наумовски – Борче“ од Крива Паланка, “Ратко Вујовиќ  – Чоче“ од Белград – Србија и нашиот одред како домакин. На школата учесниците беа поделени во две патроли и тоа патрола “Пуканки “ и патрола “Лева Патика“.

На оваа школа учесниците следеа предавања од следните теми:

– планирање на патролна средба
– планирање на месечен, тромесечен и годишен план по категории по ОП за работа
– историја на извидништвото во Македонија  и Светот
– ликот на водачот
– извидничка униформа и ознаки           
– духовност
– извиднички завет и закони               
– патролен колектив   
– методологија на презентазија           
– проектна работа
– патролна симболика                   
– формирање на тим
– патролен дружински и одредски  дух           
– патролна средба
– извиднички метод                   
– методи и форми на работа
– патрола и јато                   
– совет на водачи
– психолошки и социолошки карактеристики на членството по категории
– информирање и односи со јавноста
     

Раководител на школата беше Богдан Маневски инструктор во СИМ (прв вудбеџ). Покрај него предавањата ги реализираат и квалификувани предавачи од извидничката организација (Гуше, Анѓел, Влатко, Златко, Горан, Димитар )
Сите предавања и работилници се работеа по прирачникот – "Водач на патрола" со дополнително подготвени материјали.
На оваа Школа за водачи на патроли и јата учествуваа само слушатели кои веќе наполниле 15 години и имаат интерес да водат патрола, јато или . . .

 


   

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.