Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“.

На оваа меѓународна регата покрај нашето учество земаа и рафтери и регатџии од Врање, Београд, Смедерево, Земун, Стара Пазова, Стари Бановичи, Шабац и Мачванска Митровица потоа регатџии од Приједор, Жепче, Тузла, Бјелина, Мачванска Митровица, Крушевац, Тузла, Жепче, Завидовиќи, Зеница, Гуња, Рајево село и Брчко. Вкупно пет републики (Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Република српска или седумнаесет градови од регионот. На оваа меѓународна регата се возеше на релација Лука Брчко – Српска варош – Вучиловац.

Учество на овогодинешната регата Сава наутик беше договорено на годинешната Вардарска регата “Гемиџии 2026“ на која што учество земаа претставниците на здружението ИКС центар и со регата пловеа во целата нејзина должина.

Со учеството на оваа регата веќе се реализираат програмските основи на Вардарската регата “Гемиџии“ во Балканската рафтерска федерација затоа што предходно беше учеството на регата на Неретва во организација на РФ “Тузлак“ од Тузла – БиХ.

Преставување на регатата.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.