На 20.6.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција за време на XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ се одржа работна средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија. На оваа средба учество зема и заменик-градоначалникот за туризам Кирос Калавазис, кои во целост даде поддршка во организирањето на Вардарската регатата “Гемиџии“ 2026.

На оваа средба се разговараше за поддршка на локалната самоуправа на Поликастро и извидниците од Поликастро односно поддршката што по трет пат ја дава Првата извидничка чета на Поликастро при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 при пловењето кон Солун но сега и градот Поликастро. Беа договорени сите наредни активности од двете страни на активностите кои се организираат од нашите единици. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Иван Гушев и Михаил Здравковски.
