На 28.11.2026 год. (сабота) во Поликастро, Република Грција се одржа работна
одредска средба помеѓу претставниците од Првата извидничка чета на Поликастро и
извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Република Македонија.
На оваа средба се разговараше за понатамошната поддршка која што ја дава Првата извидничка чета на Поликастро при реализацијата на Вардарската регата “Гемиџии“ во попследните три години при пловењето кон Солун.
Беа договорени наредни активности и меѓусебни посети од двете страни на активностите кои се организираат од нашите единици. Беше договорена средба во Велес во периодот фебруари-март 2027. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски, Тони Јошевски, Благој Јорданов и Валентин Јанкуловски. Домакин на оваа средба беше Димитрис Ефтимијадис.



