
На 14.5.2026 год. (четврток) во Скопје, за потребите на програма на ТВ Канал 5, старешината и началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес м-р Ангелче Гушев и Иван Гушев, имаа изјава за програмата на националната ТВ Канал 5 , а поврзана со XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ 2026.

Во разговорот беше образложена програмата на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун. Регата ќе се реализира од 18 до 23 јуни 2026 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата. И за истата може да се пријават сите заинтересирани на он лајн апликацијата на Вардарска регата Гемиџии.
