На 1.5.2026 год. (петок), во утринската програма на ТВ Сител во Скопје “Ја сакам Македонија“ претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како главни организатори на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата со водителот Александар Блажевски.

За потребите на оваа утринска програма на ТВ Сител , спометатите претставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, во целот ја претставија историјата на Вардарска регата Гемиџии, соеаботката со Солунските извидници како партнери во Републоика Грција, културно забавната програма и сите значјна елементи поврзано со XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ 2026.

Тие ја истакнаа и Целокупната делегирана надлежност од страна на Градоначалникот на Велес, г-дин Марко Колев и Советот на Општина Велес кон извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес.

Во разговорот беше образложена програмата на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун.

Регата ќе се реализира од 18 до 23 јуни 2026 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата.

