На 17.5.2025 год. (недела) во Скопје во Младинскиот центар “Старо Матично“ беше организирано редовното Годишно Собрание на СИМ. Се работеше по следниот дневен ред за работата на собранието:

со следниот Дневен ред
- Регистрација на делегати
- Процедурален дел:
- Техничка проверка пред почетокот на Собранието
- Отварање на Собранието
- Воведен збор од Старешината
- Избор на работни тела на Собранието: Работно претседателство, Статутарна комисија
- Предлог деловник на Собранието
- Предлог дневен ред за работата на Собранието
- Други процедурални прашања

- Работен дел:
- Усвојување на предлог записник од Собрание 2025
- Презентација и усвојување на годишен извештај за работата на СИМ (наративен и
финансиски извештај) - Презентација на годишен план за работа 2025
- Тековни активности и можности за одредите
- Усвојување на нови полноправни членки
- Разно

По усвојување на дневниот ред беа презентирани годишниот извештај за работата на СИМ и финасискиот извештај на Сојузот на извиднци на Македонија кои беа едногласно прифатени од делегатите на Собранието. Потоа се презентираше глобалниот план за работа на СИМ за 2026 год. Беше избран и нов Надзорен одбор на СИМ и беа соопштени кои се полнопревни членки на СИМ а кој се придружни членјки. Делегацијата на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев како старешина на одредот, Иван Гушев како Началник на одред и Владимир Ивановски – Вуцо и Валентин Јанкуловски како водачи во одред.
