Иван Гушев и Тино Анѓелов се новите извиднички инструктори во Велес

На 18.12.2022 год. (недела) во Mладинскиот центар Матично – Скопје согласно одлука на старешинство, се одржа втор рок за бранење на проекти од инструкторска школа за:
Учесници на инструкторска школа 2021-2022 година
Извидници со поминат теоретски дел од инструкторска школа од I степен
Извидници со поминат теоретски дел од инструкторска школа од II степен
Од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес на оваа одбрана учествуваа Иван Гушев и Тино Анѓелов. Велешките извидници го презентираа проектот – П Р А В И Л Н И К за организирање и изведување на извиднички активности во Сојуз на извидници на Македонија. Со оваа презентација беше заокружен целосната одбрана на проектот со што двајцата велешки извидници се стекнаа со функцијата Инструктор од I степен.

Овој проект ги имаше следните: Цели на документот:

-Подготовка и донесување на нов П Р А В И Л Н И К за организирање  и изведување на извиднички активности во Сојуз на извидници на Македонија

-Усвојување на П Р А В И Л Н И К за организирање  и изведување на извиднички активности во Сојуз на извидници на Македонија од страна на Старешинството на СИМ

Индикатори за успех (предвидување на потенцијални резултати):

Како индикатори за успех би се земал бројот на користење на Правилникот за организирање на активности кои се пријавени во СИМ и  организирани според него. Тоа ќе се постигне со примарна, секундарна и финална ревизија која би се движела со следниот тек: шест месеци по усвојувањето од Старешинството на СИМ прва примарна ревзија, секундарна ревизија  јуни 2026 и финална ревизија декември 2029.

Овие двајца извидници работеа под менторство на Јордан Бајрактаров и Ангелче Гушев како надворешен консултатнт во проектот.

Документите може да ги симнете тука: https://scoutveles.org.mk/wp-content/uploads/2022/12/Prezentacija-za-Pravilnikot.pdf и https://scoutveles.org.mk/wp-content/uploads/2022/12/PRAVILNIK-za-aktivnosti.pdf

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.