Завршен настан во рамките на проектот LINK UP

На 22.12.2023 год. (петок) во просториите на извиднички одред “Димитар Влахов“ во Велес,
се организираше завршен настан во рамкиете на проектот LINK- UP! REGIONAL NETWORK, DEVELOPED BY YOUTH FOR YOUTH, UNITED IN REBUILDING BRIDGES AND GENERATING PARTNERSHIPS. На завршниот настан беа презентирани сите активности кои беа реализирани во рамките на споменатиот проект.

Беа презентирани и искуствата кои што беа стекнати од реализацијата на овој тип на проект во кој што учество земаа и извидници од Република Србија од Ниш, од извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ кои воедно беа и присутни на овој настан, а претставени од старешината на одредот Слободан Тепавац.

Старешината на ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш истакна дека искуствата кои што ги стекнаа извидниците од Велес и Ниш преку заедничката реализација на младинските кампови и извидничката рафтинг регата се од големо значење за остварувањето на главната мисија на извидничкото движењe, а тоа е да се придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.

И на крајот овој завршен настан беше искоритен за доделување на Признание за волонтерство до повеќе од 20 извидници од извиднички одред “Димитар Влахов“ за несебична посветеност и непроценлив придонес за извидничката организација преку волонтерската работа.

Завршниот настан се реализираше во рамките на проектот “LINK- UP! REGIONAL NETWORK, DEVELOPED BY YOUTH FOR YOUTH, UNITED IN REBUILDING BRIDGES AND GENERATING PARTNERSHIPS“ на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес , Република Северна Македонија, проект финанциран од ЕУ проектот: “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност (МГО).

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.