Велешките извидници учествуваа на прославата по повод 70 години СИМ

На 4 ноември 2023 год. во хотел Континентал во Скопје се одрржа Свечена Академија по повод 70-ти роденден на Сојузот на извидници на Македонија.Оваа Академија  опфати серија на истакнати говорници, ретроспективен преглед на нашата богата историја, културни изведби и ексклузивна церемонија за доделување на признанија за оние кои дале исклучителен придонес за Сојузот на извидници на Македонија низ годините.

На свечената академија учество земаа и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес со делегација од десет изв идници. На овој настан на нашиот одред му беше доделена плакета за Заслуга по повод 70 години СИМ. Истовремено и на нашиот член Диме Велев како поранешен старешина на СИМ му беше доделена исто така плакета За заслуга по повод 70 годинани СИМ. Одредската делагација ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев, Тони Јошевски, Никола Андреевски, Владимир Ивановски. Жаклина Гушева, Валентин Јанкуловски, Влатко Влахчев, Ненад Андреевски, Иван Гушев, Благој Јорданов.

Сојуз на извидници на Македонија е најголемата младинска чадор организација во државата, која што 70 години работи на полето на неформално образование преку стекнување на здрави животни навики со активности во природа и придонес во заедницата, а денес обединува членство од повеќе од 3000 деца и млади на национално ниво. Како дел од најголемото глобално младинско движење, преку активностите СИМ се стреми кон негување на правилните вредности кои придонесуваат за создавање на подобар свет, со придонес во социјалниот, физички, интелектуален, карактерен, емоционален и духовен развој.

Сојузот на извидници на Македонија цврсто се залага за вредностите на лидерство, развој на карактерот кај децата и младите и развој на заедницата веќе седум децении. Нашата историја е испишана со посветеноста и трудољубивоста на безброј поединци кои придонеле за нашето наследство.

Во рамките на изминатите 70 години, СИМ како симбол за македонското извидништво непрестано воведува активности, методологии и акции за придонес во личниот развој на примарната целна група, а со тоа придонесува за развојот на локалните, националната и интернационалната заедница. За истото сведочат бројните успешни приказни на сите оние кои поминале низ извидничката програма, сеќавањата и сведоштвата на сите оние кои биле дел од извидничките акции и иницијативи, како и бројните соработки и партнерства со државните институции и приватниот сектор

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.