Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Владимир Ивановски и Трајче Перков во периодот од 25 до 26 април 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работеа волонтерски на поправка и санирање на соларните колектори кои се поставени на повеќе позиции во извидничкиот центар Охрид.
Со превземените волонтерски активности од страна на нашите одредски членови повторно ја покажаа љубовта и поврзаноста со овој извиднички камп се со цел да се создадат повторно квалитетни услови за убав престој во ова извидничко летувалиште.






