Велешките извидници втори на 51от повеќебој “Чика Драги“ во Ниш

Во периодот од 8-10 мај 2026 год. десет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес земаа учество на традиционалниот извиднички 51ри ориентационен повеќебој “Чика Драги“ во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“.

На овој повеќебој учество земаа 70 извидници од Србија и Република Македонија.

На овој повеќебој патролата  “Фстачиња“  на извиднички одтред “Димитар Влахов“ – Велес во категоријата постари извидници кои ја сочинуваа: Марија Стефановска, Тамара Димовска, Љубче Неделковски, Јована Јошевска и Иван Гушев го освоија второто место.

Во рамките на овој 51ри Меморијал “Чика Драги“ се реализираше и проектот “Урбана екологија“ реализирансо поддршка на градската општина Медијана.

На овој маморијал извидниците брѓани од нашиот одред м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо и Благој Јорданов со брѓаните од нашиот братски одред разговаа за понатамошните активности кои следат Вардарска регата, летен камп, заедничка топо обука и активности кои треба да селдат во рамките на прославата по повод 30 години братско живеење.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.