Акција за пошумување – “Боренка“ во Св.Николе

На 23.11.2026 год. (понеделник), во организација на Сојузот на извидници на Македонија преку проектот “Боренка“, извидници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учествуваа на акција за пошумување на терените на општина Св. Николе, каде што учествуваа нашите извидници: Љупче Неделковски, Марија Стефановска, Тамара Димовска, Анастасија Давчева, Стефан Несторовски и Симона Љуткова.

Тие сите заедно дадоа придонес кон обновувањето на природата и создавањето на нови зелени површини. Со оваа активност уште еднаш ја потврдивме важноста на волонтерството и заедничкото делување во насока на зачувување на животната средина.

Оваа активност беше уште една можност преку заедничка работа да направиме нешто корисно за нашата околина и идните генерации. Секое засадено дрвце претставува надеж за почиста, поздрава и позелена иднина. Ваквите активности нè потсетуваат дека и малите чекори можат да донесат големи промени кога се прават заедно.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.