Ја затворивме пловната сезона за 2026

На 19.9.2026 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ се организираше средба и свечена вечера за учесниците на регатата и каде се разгледаа сите активности на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“. На средбата беше презентиран и финсискиот извештај на овогодинешната регата кој ќе биде и предаден во Општина Велес пред Градоначалникот на Велес, г-дин Марко Колев и советниците при Советот на општина Велес.

Беше разговарано по сектори тоа:

  • координатор и капетан на регатата, Ангелче Гушев
  • меѓународна соработка, Владимир Ивановски – Вуцо
  • подршка на вода, Вили Јорданов и Александар Алексов
  • координација на пловни објекти за време на пловење, Иван Гушев
  • логистичка поддршка од копно, Ристе Давчев и Благој Јорданов
  • исхрана и сместување, Валентин Јанкуловски

По сектори сите се изјаснија за безпрекорна организација и немање на значајни проблеми. На оваа завршна средба се истакнаа и иницијативи за формирање на логистички тим кои ќе работи на Вардарска регата “Гемиџии“ 2027, а тој тим би бил предходница на регата и задолжен за поставување на целокупната инфраструктура за сместување, санитарни објекти, исхрана и престој во природа.

Се искажа голема благодарност до Градоначалникот г-дин Марко Колев за големата поддршка кој ја дава за организација на регата и Советот при Општина Велес.
На оваа средба се истакна дека м-р Ангелче Гушев од кога во целост ја координира Вардарската регата “Гемиџии“, единствената регата во Република Македонија во последните десет години покрај реализирање на Вардарската регата, тој успеа да нашата велешка регата се појави на повеќе регати како што се “Завеслај више“ во Шабац (Република Србија), “Битката за Неретва“ во Тузла (БиХ) и “Сава наутик“ во Брчко (БиХ).

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.