По повод престојниот 22 Февруари – Светскиот ден на скаутизмот, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја доби првата честитка за празникот и тоа лично од Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Аце Коцевски.
Извиднички одред “Димитар Влахов“
Почитуван господине Гушев,
Со искрена благодарност за придонесот во развојот на локалната заедница, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во името на граѓаните, Вам и на сите членови на Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ Ви го честитам 22 Февруари, Светкиот ден на скаутизмот.
Ви посакувам со Вашите активности и заложбите за поубав и посреќен Велес и во иднина да останете пример за организација која умее и знае да придонесе за граѓаните на својот град.
Со почит.
Градоначалник на Општина Велес
Аце коцевски
