Финални договори за Вардарската регата 2025 на релација Велес – Солун

На 13.5.2025 год. (вторник) старешината на ИО “Д.Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски беа во посета на Солунските извидници во нивните официјални канцеларии во Солун. Од страна на Солунските извидниците нашата одредска делегација беше примена од Василис Нтрианкос водачот на третата чета од Солун и Георгиус Бампурас старешина на Солунските извидници.

Во рамките на оваа посета двете делегации поптпишаа и Меморандум за соработа со која се обврзуваме на реализација на регатата во Македонија и Грција по целото течението на реката Вардар. Со овој меморандум за соработка од страна на грчките скаути  ја добиваме и целосната поддршка и помош при програмските активности на оваа манифестација.

Договорено е да на територија на Грција учесниците на регата преноќат во Евзони и селото Акропотамос, а регата да заврши во делтата на Вардар во егејското море. Беше договорен и терминот за реализација на регатата која би требало да се одржи од 19 до 24 јуни оваа година. Беа договорени и активности помегу велешките извидници и извидниците во Евзони, Поликастро и Халастра

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.