На 21.6.2020 год. (недела) за прв пат во историјата Сојуз на извидници на Македонија го организираше своето редовно годишно собрание и тоа по електронски пат на ЗУМ платформата – онлајн. На Сбранието на СИМ учество земаа 45 делегати и 15 гости од извидничките одреди од Македонија ја констатираа успешноста на работата на сојузот во период од 2019 година, ги усвоија годишните наративни и финансиски извештаи и разговараа за престојните предизвици и можности поврзани со промените кои го носи Ковид – 19.
На ова Собрание полноправни членки на Сојузот на извидници на Македонија од оваа 2020 година се и ИО „Еквинокс“ од Штип и Извидничко Поречански Одред “Сидро“, додека Извиднички одред “Авантуристи“ од Кавадарци беше прифатен како придружна членка во наредните две години со кои активно ќе работиме за развој на извидништвото во Кавадарци. Делегацијата на ИО “Димитар Влахов“ од Велес беше составена од седум челена кој сите директно се вклучија во работата на Собранието, а тоа беа: Ангелче Гушев, Благој Ѓорѓиев, Благој Ѓорчевски, Жаклина Гушева, Ненад Андреевски, Влатко Влахчев и Благој Јорданов Треба да се истакне дека делегацијана на велшкиот одред се вклучија директно на Собранието на СИМ од извидничкиот центар Голозинци.