Учество на Ровер Форум – Форум на млади брѓани 2025 во Хрватска

Началникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Иван Гушев, како дел од македонските преставници во периодот од 20.03 до 23.03.2025 година, во близина на градот Рјека, во местото Селце, учествуваше на Ровер Форум, на кој учествуваа извидници од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Настанот беше од едукативно-забавен карактер и имаше за цел да ги поттикне учесниците на размена на искуства и знаења во различни области на извидничкиот живот.

Агендата на форумот вклучуваше бројни сесии, на кои учесниците споделуваа добри практики и начини за успешно водење на одред, патрола, јато и други извиднички групи. Главната тема на настанот беше “Вештини за живот“, која го опфати широкиот спектар на вештини кои се важни за извидниците, како што се младински активизам, комуникациски вештини и организациски капацитети. Нашите учесници, имаа уникатна можност да ги прошируваат своите знаења во овие области.

Ровер Форумот претставуваше важен настан за зајакнување на меѓународната соработка и размена на знаења, и беше уште еден доказ за посветеноста на извидниците да ги развиваат вештините за живот и да се поврзуваат со своите врсници од други земји.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.