Учество на редовното изборно Собрание на СИМ

Врз основа на одлуката на последниот одржан состанок на старешинство на ден 6.11.2024, на 15.12.2024 год. се одржа редовното годишно изборно собрание на Сојуз на извидници на Македонија. Собранието се одржа во Младински Центар МАТИЧНО во Скопје. Делегацијата на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес беше во состав: Ангелче Гушев, Влатко Влахчев, Иван Гушев, Александар Вренцовски, Жаклина Гушева и Валентин Јанкуловски.

На Собранието се работеше по следниот Дневен ред

Пристигнување и регистрација

Отворање на собранието и поздравен збор од старешината

Избор на работни тела на собранието

▪ Работно претседателство

▪ Статутарна комисија

▪ Верификациона комисија

▪ Изборна комисија

Усвојување на предлог-дневниот ред

Заклучоци од последното Собрание

– Обраќање за 13 Смотра (15 мин)

– Обраќање на Надзорен одбор за финансии 2023 (15 мин)

Извештај за работата на Сојузот во претходните четири години

Претставување на кандидатите за Старешина, членови на Старешинство и членови на Надзорен одбор

новоизбраните членови на Старешинството

  • Бобан Стојаноски
  • Бојан Ѓошев
  • Владимир Костовски
  • Даниел Ангеловски
  • Моника Спасовска
  • Светлана Лукановска

Новиот Старешина на СИМ, Миќо Стојановски.

Ново избраниот надзорен одбор составен од:
-Александра Стојаноска
-Бојан Неделковски
-Никола Спасовски

Им посакуваме многу успех, инспирација и посветеност во нивната работа за унапредување на извидничкото движење, јакнење на нашата заедница и остварување на стратешките цели на Сојузот.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.