Во рамките на прославата по повод православниот празник Богојавление – Водици на 19.1.2015 год. (понеделник) три здруженија на граѓани во соработка со Градоначалникот на Оштина Велес формираа спасителна единица за Водици 2015 и тоа во состав: извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, ОО на Црвен крст – Велес и Вардарска регата “Гемиџии“. Сите три здруженија со повеќе од 50 и луге и опрема од копно и од вода дадоа поддршка на сите учесници кои се фрлија во водите на реката Вардар. Со ова се докажа дека сите партиципиенти во прославата на Водици 2015 ја докажаа својата стручност за дејствување во вода и давање на прва помош.