На активнстите под името “ИОП ЛОЛА“ во периодот од 9-11.6,2017 год. на територијата на Општината Пантелеј, во извидничкиот центар “Церје“ во блзина на Ниш, членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов – Велес заедно со преостанатите 400 извидници од територијата на република Србија (Ниш, Бела Паланка, Белград, Велика Плана, Заечар, Врање, Нови сад, Петровац на Млави), но и од Босна и Херцеговина (Приједор, Зеница, Бановиќи, Бања Лука, Босански брод, како и од Македонија (Велес), зема учество на споменатата извидничка акција.На ова натпреварување извидничкиот одред “Лола“ од Ниш преку голем број на активности изврши промоција на здравиот начин на живеење, преку препознавање на правите извиднички вредности, зачувувањето на животната средина, како и воспитувањето на младите, а сето ова низ традиционалните извиднички активности и вештини (ориентација и топографија, прва помош и пионерство, повеќебој и културно-забавна рограма). Одредот од Велес беше преставен со извидниците Благој Ѓорчевски и Tеодор Ѓоргиев.