Претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес Ангелче и Жаклина Гушеви на 19.10.2022 год. (среда) во Хотел “Гарденија“ учествуваа на информативната сесија за презентирање на отворениот Механизам за граѓанска отпорност (МГО) на Европската Унија, што се спроведува во рамките на проектот “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ.
На работилницата се обратија Зинта Миезаине, Тим лидер на проектот и Валентина Величковска кординатор на МГО.
Општата цел на проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ е зајакнување на ефективноста на граѓанското општество преку подобрување на овозможувачката средина за граѓанското општество, на централно и локално ниво, и преку структурирана соработка на граѓанските организации со јавните институции и бизнис заедницата во земјата.