На 24.12.2019 год. (вторник), во ресторанот Глориус во Велес
Центарот на активни граѓани АКТИВО од Велес го организираше завршниот настан од проектот „Подобрена информираност како превенција за корупција“, кој во изминатиот период се реализираше преку серија на активности во Општините Велес, Градско, Лозово и Чашка. На настанот беа презентираат резултатите од истражувањето кое се спроведе во четирите Општини, со цел да се увиди квалитетот на услугите кои ги нудат локалните самоуправи и задоволството на граѓаните од користењето на истите. На овој настан од страна на
извиднички одред “Димитар Влахов“ учествуваше старешината на одредот Ангелче Гушев.