Во рамките на прославата по повод православниот празник Богојавление – Водици на 19.1.2017 год. (четврток) општинските здруженија – извиднички одред “Димитар Влахов“ и Вардарска регата “Гемиџии“ во соработка со Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев и со опрема од општината настапија како спасителна единица за верскиот празник Водици 2017, на која што манифестаија учество зема и Претседателот на РМ, г-дин Ѓорге Иванов. Двете здруженија со повеќе од 30 и луге и опрема од копно и од вода дадоа поддршка на сите учесници кои се фрлија во осветените води на реката Вардар. Со ова се докажа дека сите партиципиенти во православната прослава Водици 2017 ја докажаа својата стручност за дејствување на вода и давање на прва помош.