На 8.5.2021 год. (сабота) во градскиот парк, еколошко друштво “Вила Зора“ во соработка со основните училишта и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ организираа велосипедски крос на кој учество земаа повеќе од 30 деца.
Велосипедскиот крос беше организиран под мотото “Возењето велосипед е брзо и здраво“. Ограничениот број на учесници беше во рамките на почитување на Ковид 19 протоколите. На овој велосипедски крос од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“
учество земаа Катерина Гушева, Тино Ангелов, Иван Гушев и Благој Ѓоргиев.