Усвоен Локален Aкционен План за млади

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ реализирајќи го проектот “Една идеја, еден сон – една цел“ го креираше усогласен со Стратегијата за млади, Локалниот Акционен План за млади за Општина Чашка.
Локалнниот акционен план за млади на Општина Чашка е за период 2019 до 2021 година и истата опфаќа: младинско информирање, младинско учество, локална младинска работа – вработување и образование (формално и неформаплно), квалитет на живот.Целите, мерките, активностите во ЛАПот се со временска рамка на спроведување за период од 2019 – 2021 година. ЛАП от овозможува делување на сите младински органзиации и здруженија на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка преку форми на соработка и партнерство со сите локални, регионални и национални, домашни и странски иснтитуции.

Совет на Општина Чашка

Предложените мерки и акции имаат можност да се реализираат со финансиски средства и поддршка од локалната самоуправа, здруженија на граѓани,јавни и образовни инстотуции, домашни и странски донатори, фондации и институции од локално , регионално и национално значење. Преку целите, акциите и задачите ќе се подобри и овозможи подобар квалитет на живот на младите и формите на младинско здружување и вмрежување. На двесет и седмата седницата на Совет на Општина Чашка, оддржана на 23 јули 2019 година го усвои Локалниот акционен план за млади за Општина Чашка. Локалната самоуправа се залага за подобрување на квалитетот на живот во населените места се со цел задржување на населението во своите места.

Проектот е поддржан преку проектот “Правна помош и поддршка за зајкнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални и граѓански организации“, финансиран од страна на Европската Унија.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.