Почитувани,
годината која што заминува беше година во која ги прославивме 73 роденден на нашиот одред “Димитар Влахов“ како најстара млдинска органзација во Република Македонија. Во оваа 2025 година ги одработиме 39 Средби на извидници, повторно шест дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“ од Велес до Солун, одредот беше гостин на скаутите на пликастро и Солун, учествувавме на голем број на одредски натпревари каде што бевме први, втори, трети. Купивме нова камперска опрема и нови гумени чамец, уште и на многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите. Организиравме отворен ден со извидниците во Велес, земавме учество на акцијата “Чика Драги“ на извиднички одред Мија Станимировиќ во Ниш – Република Србија. Работевме на пошумување на опожарените подрачја во Македонија во рамките на еко камњата Боренка. Работевме на промоција на туристичкиот потенцијал на Вардарскиот плански регион… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското . Го потпишавме Договорот за продолжување на Малдинскиот центар во Велес. Учествувавме на Сава наутик – регатата во Брчко, Република Српска. Бевме домаќини на 380 гермаските скаути кои беа на три неделно кампување во село Согле. Го напшравивме Првиот летен меѓународен камп со извидниците од Белград – Ниш – Велес. Учествувавме во снимањето на емисијата “Царот на реките – Вардар“ заедно со ОХО продукцијата, ја прославивме нашата одредска слава Св. Кирил и Методиј. Го организиравме кампот за лидерство заедно со Волонтерите на Мировниот корпус. Бевме присутни на Собранието на СИМ, на Сојузување. Учествуваме на Ровер Форум – Форум на млади брѓани 2025 во Хрватска. Организиравме крводарителска акција по повод Светскиот ден на извидништвото и присуствуваме на централната манифестација по повод 22 фебруари, а одредска делегација од Велес положи цвеќе на Ротимља каде загина Борис Трајковски поранешниот претседател на Македонија. Постарите извидници брѓани учествуваа единаесетите сениорски средби на извидниците од југоисточна Европа. Учествуваме на емисиите на МРТ, ТВ Телма, ТВ Алфа на емисите Фер плеј со Јана и Мој подиум со Рашела на МТВ. Го реконструиравме извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село во Општина Чашка.
Во годината која што доага влегуваме во осмата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“… го подготвуваме новото издание на Ориентација во природа, одредското радио. А во новата 2026 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот г-дин Марко Колев и на Советот на Општина Велес и сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.

И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2026 година. Да живее Велес, да живее Република Македонија да живее извиднички одред “Димитар Влахов“.
Старешина на ИО “Димитар Влахов“
м-р Ангелче Гушев

