На 13.9.2026 год. (недела) во рамки на посета на командниот центар за „Safe City“ во СВР Велес, беше остварена средба со Министерот за внатрешни работи Панче Тошковковски.

На оваа средба старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес, м-р Ангелче Гушев му додели Благодарницата за големата и безрезервна поддрршка на безбедносните сили на МВР при реализирање на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026. Поддршката се одднесуваше на целосната безбедност на територијата на Република Македонија и обезбедување на брз премин на границата на учесниците и опремата на Вардарска регата “Гемиџии“ во соработка со безбедносните сили на Република Грција.

