Сојузување 2025

Во периодот од 4 до 6.4.2025 год. во Извиднички Центар Охрид се организираше Сојузување 2025. Овој викенд наречен СОЈУЗУВАЊЕ е време за обнова, инспирација и соработка. Овој настан претставува значаен момент за Сојуз на извидници на Македонија, каде што се цели да се обединиме, вмрежиме како лидери и членови на локалните одреди, да споделиме искуства, позитивни практики, да ги разгледаме предизвиците и можностите на нашите одреди и да ги засилиме нашите врски преку подобра комуникација.

Овој настан беше можност да се забележи значењето на нашата колективна ангажираност кон извидничкото движење и да го подобриме потенцијалот на нашите одреди за понатамошен раст и развој. Цели и резултати од настанот:
– Јакнење на капацитетите: Стекнување знаења и вештини за подобрување на програмите и работата на извидничките одреди.
– Идентификација на јаките и слабите страни: Помагање на одредите во процесот на идентификација на нивните јаки и слаби страни за подобрување на нивната работа
– Споделување на добри практики: Размена на успешни практики меѓу одредите
– Идентификација на предизвиците со програмата: Детектирање предизвици и наоѓање нови начини за нивно надминување.
– Вмрежување: Вмрежување на клучни извидници од извидничките одреди за подобра соработка и размената на искуства.

Од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учество земаа м-р Ангелче Гушев како старешина на одредот, потоа Владимир Ивановски како член на одредот, Иван Гушев како началник на одредот од Велес, Александар Вренцовски и Валентин јанкуловски како водачи на патрола.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.