Саем на здрава храна

ООУ Петре Поп Арсов од Богомила – Општина Чашка, на 21 март 2008 год. (петок), во селото Извор го организираше  вториот Саем на здрава храна.

На овој Саем на здрава храна можеше да се набават земјоделски производи одгледани во чиста еколошка средина  и тоа од ренот на селата Стариград, Теово, Согле, Богомила, Ореше, Нежилово, Извор, Мартолци, Оморани и Владиловци. Средствата собрани од продажбата на земјоделските производи ќе бидат наменети за унапредување на воспитно – образовниот процес на училиштето. Покрај ова на саемот можеше да се дегустираат и локалните специјалитети подготвени од вештите раце на мајките и бабите на учениците при училиштето.

Овој саем го отвори Градоначалникот на општина Чашка, г-дин Стојан Маневски и директорката на училиштето, г-ѓа Нина Маркова. На оваа манифестација извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес зема учество со пет извидници.

 

 

      

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.