Tрибина “Извидници – начин на живот и влијанието на извидништвото во развојот на младите личности“.

Во рамките на прославата по повод 70 години од форирањето на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш, на 23.9.2022 год. (петок) во Нишкиот  Културен Центар се организираше трибина на тема “Извидници – начин на живот и влијанието на извидништвото во развојот на младите личности“.

На оваа трибина учество земаа:

– Габриел Ранковиќ, Старешуина на СИС,

– Дуња Марушиќ, Претседател на Собранието на КОМС

– Ненад Стојановќ, Проектен директор на “Дели простора“

– Даниела Вучиќ, ЕУ инфо поинт Ниш

– м-р Дарко Митрашиновиќ, ИО “22 Април“ – Бања Лука, БиХ

– м-р Ангелче Гушев, ИО “Димитар Влахов“, Република Македонија

– Вонреден професор д-р Јасмин Челиќ, ИО “3 Март Ријека“, Храватска

– Проф Д-р Милош Ристиќ, ИО “Мија Станимировиќ“ – Ниш, Република Србија

Старешината на извидничкиот одред “Димитар Влахов“, м-р Ангелче Гушев зборуваше за влијанието на извидничката организација врз сопствениот развој, извидничките семејства, создавањето на извидничкиот центар “Голозинци“ и неговото влијане врз младата популација.

Со учеството на нашиот старешина докажуваме дека велешкиот извиднички одред е модел како треба да изгледа еден одред и дека одредот од Велес има висок рејтинг на Балканот.

Целата трибина можете да ја видите тука: https://www.youtube.com/watch?app=desktop&v=BShiz0v6YQM&feature=youtu.be

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.