Редовно годишно собрание на СИМ

На 6.4.2025 год. (недела) во Извиднички центар Охрид во Охрид беше организирано редовното Годишно Собрание на СИМ. Се работеше по следниот дневен ред за работата на собранието:

 – Регистрација на делегати

– Процедурален дел:

– Техничка проверка пред почетокот на Собранието

– Отварање на Собранието

– Воведен збор од Старешината

– Избор на работни тела на Собранието: Работно претседателство, Статутарна комисија

– Предлог деловник на Собранието

– Предлог дневен ред за работата на Собранието

– Други процедурални прашања

– Работен дел:

1. Усвојување на предлог записник од изборно собрание – декември , 2024 година

2. Презентација и усвојување на годишен извештај за работата на СИМ (наративен и

финансиски извештај)

3. Презентација на годишен извештај на ИЗВИДНИК ДООЕЛ за 2024 година

4. Презентација на годишен план за работа 2025

5. Разно

По усвојување на дневниот ред беа презентирани годишниот извештај за работата на СИМ и финасискиот извештај на Сојузот на извиднци на Македонија и Извидничкиот центар Охрид кои беа едногласно прифатени од делегатите на Собранието. Потоа се презентираше глобалниот план за работа на СИМ за 2025 год. Делегацијата на извидничкиот одред Димитар Влахов – Велес ја сочинуваа: м-р Ангелче Гушев како старешина на одредот, Иван Гушев како Началник на одред и Вренцовски Александар и Валентин Јанкуловски како водачи во одред.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.