Со едно минутно молчење поради големата трагедија во Македонија на 16.03.2025 год. (сабота) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното ИЗБОРНО годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“. На годишното изборно собрание беа разгледан и усвоен наративниот и финасискиот извештај за работата на одредот за периодот од 2024.

Воедно на ова собрание се избра и Старешина на одредот, а тоа е м-р Ангелче Гушев и новото старешинство на одредот e во состав: Бојан Миклош, Благој Ѓорѓиев, Иван Гушев, Влатко Влахчев, Зоран Пановски и Александар Љутков. Додека пак за надзорен одбор на одредот беа избрани: Владимир Ивановски, Тони Јошевски и Благој Јорданов.

Во рамките на ова изборно годишно собрание беа презентирани и тековните проекти и активности на одредот.
