Реализирани XXXIX Средби на извидници – Велес 2025

Поповод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше XXXIX Средби на извидници “Велес 2025“, кој се одржаа во периодот од 5 до 7.9.2025 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село. На средбите учество земаа повеќе од 120 извидници од Република Македонија (Скопје, Прилеп, Св.Николе, Куманово) и Република Србија (Ниш и Белград).

Беше постигнат следниот пласман:

I место – патрола Морнари – ИПО Галеб, Скопје
II место – Хорс – ИПО Јадран, Скопје
III место – Шмизлите на Иван – ИПО Галеб, Скопје

Помлади помлади извидници
I место – патрола Винкс – ИО Мија Станимировиќ, Ниш – Република Србија
II место – Рудолф – ИПО Јадран, Скопје

I место – патрола Морнари – ИПО Галеб, Скопје
II место – Хорс – ИПО Јадран, Скопје
III место – Шмизлите на Иван – ИПО Галеб, Скопје
I место – патрола Винкс – ИО Мија Станимировиќ, Ниш – Република Србија (помлади извидници)
II место – Рудолф – ИПО Јадран, Скопје

Во рамките на натпреварувачкиот дел беа поделени награди и за најдобро изработени материјали, а ги добија следните извидници:

Марија Димовска ИПО “Галеб“- Најдобро изработено КРОКИ

Виктор Неделковски ИПО “Јадран“ – Најдобро изработена СКИЦА НА ДЕЛ ОД ПОМИНАТА ПАТЕКА

Нина Ѓорѓиев ИПО “Галеб“- Најдобро изработен ИЗВЕШТАЈ

Нина Блажевска ИПО “Галеб“ – Најдобро изработен ПРОФИЛ НА ТЕРЕН

Миле Божиновски ИПО “Јадран“ – Најдобро изработен ИТИНЕРЕР

Со организирањето на XXXIX Средби на извидници Велес 2025, започнува натпреварувачката мегуодредска сезона во Сојуз на извидници на Македонија. Покрај натпреварувањето во топографија и ориентација во природа се организираше и практична демонстрација на ПРВА ПОМОШ.

… и останатите извиднички активности

И оваа година извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес докажа дека има голем капацитет и знае да изорганизира големи републички акции.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.