Реакциите продолжуваат, нешто е труло !

За хаотичната состојба во работењето на Сојузот на извидниците на Македонија, веќе реагираат и други одреди, а тоа е реакцијата на ПСИО, која што денес беше проследена директно од страна на Генералниот секретар на СИМ. Значи реакциите од страна на Ангелче Гушев не се единствени, нешто е труло, нешто не “штима“ …. има проблеми ! Во продолжение интегрално ја пренесуваме реакција на раководствот на ПСИО.
 
 
 
 
 

Почитувани                                                    

СОЈУЗ НА ИЗВИДНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА
и
БИРО на СИМ
(за жал со невозвратена почит кон Првиот Скопски Извиднички Одред)

Со овој допис ПРВИОТ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД не бара, ниту пак сака нечие извинување, туку понесување на одговорност заради намерното не известување на извидниците од нашиот одред за Инструкторската школа од Втор степен која се одржа во Бачка Топола, република Србија. На овој настан требаше да присуствуваат ИЗВИДНИЦИ над 26 години и токму поради тоа им беше кажано на извидниците од П.С.И.О. кои учествуваа на Тренингот за тренери во К. Паланка дека нема да можат да го посетат истиот. Меѓутоа, на тој настан отидоа и се вратија ИЗВИДНИЦИ помлади од 26 години и уште пострашно, учесници кои НЕ се извидници!!! Колку што сме информирани учеството на вакви обуки е со цел стекнатото знаење да се пренесе на извидниците од своите одреди. Според тоа, како е можно да присуствуваат учесници кои ниту плаќаат членарина, ниту пак се членови на некој одред (што значи дека според Статутот не се ни извидници). НА КОГО ТИЕ БИ ГО ПРЕНЕЛЕ СВОЕТО ЗНАЕЊЕ????
П.С.И.О. од друга страна прв се ,,истрча" да си ја плати чланарината во СИМ, а сепак беше ,,заборавен", пропуштен или што и да е. Да ве потсетиме дека доколку не постојат извидници да формираат извиднички одред и извиднички одреди да формираат сојуз – "СИМ" немаше да постои. Сојузот на Извидници на Македонија е должен кон нас извидниците да се однесува подеднакво кон сите, да нé не дели и демотивира, а најмалку да го руши извидничкиот дух кај оние малку останати извидници. Ако сметате дека одредени личности кои не се извидници се поважни од вистинските реални извидници (кои се присутни на повеќето извиднички настани) или некои извидници се повеќе важни од другите извидници, тогаш критериумите на СИМ се крајно погрешни.

Овој непријатен настан не тера да размислуваме дали на вистинското место имаме вистински луѓе за работа. Дали одличната организација и програма на Тренингот за тренери во К. Паланка (пофален со воодоошевување од сега разочараните извидници – Инструктори од Прв Степен) била само случајност или странска помош.

Откако не оставија сами, реалноста ни плесна шлаканица…

Поздравот  БИДИ ПОДГОТВЕН
го испраќаме само до членството на извидничките одреди во Македонија

Скопје                                                 М.П.                                  Старешина на ПСИО 
09.12.2010                                                                                      Зоран Шиљковски

 

 

* Овој текст е став на Раководството на Првиот Скопски Извиднички Одред

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.