Развој на македонски туристички дестинации

На 19.6.2019 год. (среда) во просториите на Општина Велес се одржа работен состанок на која претставници од Проектот за локална и регионална конкурентност, пред присутните претставници на туристичката заедница од градот, на невладиниот сектор, на Вардарскиот плански регион и на Општина Велес го презентираа процесот на консултации за формирање на организација за управување со дестинации во државава. Во идниот период ќе се основа Основна група на засегнати страни која активно ќе се вклучи во овој процес. На овој состанок од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учествуваше старешината на одредот, м-р Ангелче Гушев. Велес како дел од Тиквешката туристичка дестинација, благодарение на својата местоположба и поради близината на автопатот Е75 низ кој поминуваат милиони туристи секоја година, има неискористени потенцијали за да стане најзначајната транзитна туристичка дестинација во државата.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.